Менаџерот на Евертон Роналд Куман планира на „Гудисон“ да го врати Вејн Руни 13 години откако прејде во Манчестер јунајтед.

Иако е капитен на Манчестер јунајтед, Руни е во втор план кај менаџерот Жозе Мурињо и минатата сезона беше стартер само на 15 натпревари во Премиер лигата, па последните месеци се шпекулира за негово заминување од „Олд Трафорд“.

Јунајтед го плати Руни 27 милиони евра кога имаше 18 години, а Евертон сега сака да го врати како триесет и едногодишен за 20 милиони.

Освен Руни, Евертон се интересира и за напаѓачот на Арсенал Оливие Жиру, кој е во втор план кај Арсен Венгер, а во новата сезона ќе има уште помала минутажа по комплетирањето на трансферот на Александр Лаказет од Лион.

Евертон парите за овие и претходните трансфери ќе ги обезбеди со продажба на својот најдобар стрелец Ромелу Лукаку кој би требало да се врати во Челзи за најмалку 80 милиони евра.

Од друга страна Руни на „Олд Трафорд“ би требало да го замени шпанскиот репрезентативец Алваро Мората за чиј трансфер се шпекулира последните седмици.

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе се соберат во сабота на почеток на подготовките, а ден подоцна ќе отпатуваат на турнеја во САД каде ќе одиграат пет натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 12:28