Во близина на брегот на Дебарското Езеро кај место викано „Мочово Поле“, вчера околу 14:00 часот бил пронајден починат Ј.Ј. (78) од дебарското село Голем Папрадник.
Како што соопшти денеска МВР-Скопје, смртта без траги на насилство ја констатирал лекар од судска медицина и истата настапила како последица од давење во вода.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Дебар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.