Манчестер јунајтед е подготвен да го „украде“ Ромелу Лукаку кој практично е веќе договорен со Челзи за рекордни 115 милиони евра, пренесоа англиските медиуми.

Белгискиот напаѓач веќе ги има договорено личните услови за враќањето во Челзи и остана само клубовите да се договорат, но сега во трката се вмеша и Жозе Мурињо кому му е потребен напаѓач по заминувањето на Златан Ибрахимовиќ.

Доколку го оствари планот Манчестер јунајтед втора година по ред ќе го урне рекордот за најскап трансфер откако лани му плати на Јувентус 105 милиони евра за Пол Погба.

Мурињо смета на тоа дека Евертон ќе сака да го прати Лукаку на „Олд Трафорд“, а во замена да го врати Вејн Руни.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 18:53