Францускиот напаѓач Александр Лаказет официјално стана нов фудбалер на Арсенал, објавено е на интернет страницата на клубот.

Довчерашниот фудбалер на Олимпик Марсеј потпиша петгодишен договор, а висината на обесштетувањето изнесува 46,5 милиони фунти, односно 53 милиони евра.

Со ова Лаказет стана најскапо платен фудбалер во историјата на клубот од „Емиратите“ оборувајќи го рекордот кој досега го држеше Месут Озил со 48 милиони евра.

„Лаказет има многу интересни технички особини и силен карактер. Многу сме среќни што ѝ се приклучи на нашата екипа“, изјави менаџерот на Арсенал Арсен Венгер.

Дваесет и шестгодишниот шпиц минатата сезона во францускиот клуб одигра 45 натпревари и постигна 35 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 19:33