Европскиот ракометен првак Вардар и официјално ја доби поканата за настап на Супер Глоуб, силниот турнир што се одржува во Доха, Катар. Тоа е своевидно неофицијално клупско светско првенство.

Според информацијата од ИХФ, турнирот ќе се одржи од 25 до 28 август годинава. Kако и лани, системот на натпреварување e ист, односно нокаут систем уште во четврт-финале, по што следуваат натпревари во полуфинале и финале.

Поразените од четврт-финале ќе разигруваат за конечен пласман од 5 до 8 место.

Четврт-финалните натпревари ќе се играат на 25 август, а полуфиналето и мечевите за пласман на 26 август. Потоа има слободен ден, а финалето е на 28 август, заедно со мечевите за пласман.

Дополнително ќе биде објавено кои екипи ќе играат на турнирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2017 21:19