Македонскиот вице-првак Шкендија се пласира во второто квалификациско коло за Лига Европа.
Откако на првиот меч одигран пред седум дена во Струмица тетовската екипа го совладаа молдавскиот претставник Дачија со 3-0, денеска Шкендија беше и поубедлива победувајќи со 4-0.
На меч кој се играше во Кишињев, стрелци на головите за Шкендија беа: Арменд Алими (32 минута), Стенио Жуниор (44), Арбин Зејнулаи (81) и Ферхан Хасани (90) од пенал.
Екипата на Шкендија во второто коло од Лигата на Европа силите ќе ги одмери со финскиот тим на ХЈК Хелсинки кој успеа да ја анулира предноста од 1:0 која ја имаше од првиот натпревар и на домашен терен го совлада Велшкиот Конан со 3:0 со што во второто коло силите ќе ги одмери со Тетовска Шкендија.