Кога децата киваат и кашлаат, родителите знаат дека станува збор или за настинка или за алергија.

Меѓутоа, како да се разликува дали „течењето“ од носот, болките во грлото и солзењето на очите ги предизвикува вирусот на настинката или има нешто алергено во воздухот? Еве неколку совети од лекарите кои можат да помогнат во разликувањето на двете состојби.

Настинката започнува бавно, можна е во текот на целата година, но најчесто во дождливите и зимски месеци. Вообичаено трае до десет дена и често доаѓа со зголемена телесна температура. Исцедоците од носот во почетокот се потечни, а подоцна се згустуваат и добиваат жолта или зелена боја.

Алергиите, пак, започнуваат нагло и вообичаено во одреден период од годината, на пример кога цутат одредени растенија. Може да траат со седмици, дури и со месеци. Солзењето на очите е поизразено отколку кај настинката. Исцедокот од носот е потенок и бистар.

Единствен начин точно да се утврди за што станува збор, сепак, е јавувањето кај лекар, но родителите претходно може да се подготват, советуваат германските медицински стручњаци. Единствен начин за тоа е водење на алергиски дневник, во кој родителите би го запишувале што детето јадело и со што било во контакт.

Тоа многу може да помогне, велат лекарите, бидејќи алергиите може да поттикнат и од многу други нешта, а не само од поленот. Животинските влакна, прашината, мовта и храната се најчестите алергени.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 09:36