Левиот бек Тео Ернандес потпиша шестгодишен договор со шампионот на Европа и на Шпанија Реал Мадрид што е прв трансфер од Атлетико во Реал по 17 години.

Последен трансфер меѓу двата клуба беше Сантијаго Солари кој исто така се пресели на „Сантијаго Бернабе“.

Реал ја плати клаузулата од 24 милиони евра за бекот и Атлетико немал многу избор околу трансферот.

Деветнаесет годишниот Тео, помлад брат на Лукас Ернандес, кој е првотимец на Атлетико, досега не настапил на официјален натпревар за „јорганџиите“.

Минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Алавес каде беше еден од најдобрите играчи, што беше доволна препорака за славниот клуб.

Со неговото доаѓање Зидан во целост го комплетираше составот и сега има барем двајца одлични фудбалери на секоја позиција во тимот.

Ернандес е првото засилување за мадриѓаните во овој преоден рок, а следното би требало да биде најдобриот фудбалер на неодамна завршеното младинско Европско првенство Дани Себалос.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2017 15:20