Легендарниот голман Икер Касилјас одлучи да го продолжи договорот со Порто и да остане во Португалија.
„Многу сум среќен што останувам во Порто уште една сезона. Се радувам на новите предизвици и се надевам на нови трофеи“, порача Касилјас на „твитер“.
Триесет и шестгодишниот голман помина две сезони во Порто откако го напушти Реал Мадрид каде ја мина цела кариера.
Главна цел на Порто за следната сезона е да ја прекине четиригодишната доминација на Бенфика.