Разбудете се со комбинација на портокал, лимон, мандарина, киви и сок од лимета, а не заборавајте ни на зелениот зеленчук кое обилува со витамини.
Напивка со цвекло
Состојки: Едно цвекло, еден морков, едно јаболко, половина чаша вода, 2 роткви, половина лажица сончогледови семки и една лажица мед. Миксирајте се додека течноста ќе почне да пени.
Подготовка: Излупете го и сечете го цвеклото, морковот, јаболкото и ротквата. Изрендајте ги па додадете ја водата. Додадете уште и сончогледовите семки и мед ма миксирајте во блендер.
Енергетска бомба со морков, јаболка и портокал
Состојки: Морков, целер, половина црвена пиперка, портокал, половина ѓумбир, јогурт, јаболка.
Подготовка: излупете ја јаболката, морковот и целерот, а од пиперката извадете ги семките. Излупете го портокалот и изрендајте го ѓумбирот. Јаболката, морковот, целерот и пиперката ситно исечкајте ги па потоа се заедно ставете во блендер, додадете го јогуртот и микисирајте.
Напивка од јаболко, киви и спанаќ
Состојки: 2 зелени јаболка, една рака спанаќ, еден киви, половина краставица, ¼ авокадо, 2 лажици јогурт.
Подготовка: Излупете ги и исечете ги јаболката. Измијте го и исечете го на ситно спанаќот. Ставете го овошјето, зеленчукот и јогуртот во блендер и миксирајте.