Поранешната пејачка на групата „Молоко“ е позната по енергични и забележливи настапи а нејзините фанови при секој нејзин настап очекуваат нова уникатност и незаборавна забава.
Така беше и на последниот ден од „EXIT“ каде што Рошин Марфи на сцената настапи со одлична изведба на нејзините хитови и карактеристичен и несекојдневен стајлинг за неа.
Во текот на настапот и во согласност со нумерите, Рошин го менуваше својот стајлинг што наиде на воодушевување кај публиката.
"Прекрасно е повторно да бидам тука, задоволство е да бидам тука. Имам многу нови песни од мојот последен настап на „EXIT“ и сите заедно ќе уживаме во нив“ – им порача на публиката Рошин пред почетокот на својот настап.
Сепак, еуфоријата кај публиката се поткрена кога Рошин ги изведе своите најголеми хитови "Ten miles high", "Gone fishing", "Overpowerd" и "Bring it back".