Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 19 часот кога патничко моторно возило „КИА“ излетало од регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“.

Возилото го управувал С.П. (47) од селото Црвени Брегови-Неготино, кој починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР – Велес. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2017 14:30