Фудбалерите на Арсенал на двонеделната турнеја во Австралија и во Кина отпатуваа без напаѓачот Алексис Санчес, соопштено е на официјалната интернет-страница на клубот од Лондон.

Чилеанскиот репрезентативец и германскиот дефанзивен играч Шкодран Мустафи, добиле дополнителен одмор поради учеството на Купот на Конфедерациите, тврдат британските медиуми.

Претходно се пишуваше дека за Санчес се заинтересирани Баерн Минхен, Интер...

Екипата на Арсен Венгер ќе гостува во Сиднеј, во Шангај и во Пекинг и ќе одигра четири пријателски натпревари.

„Топчиите“ на 13-ти јули ќе се сретнат со екипата на Сиднеј, два дена подоцна ги очекува дуел со Сиднеј Вондерерс, на 19-ти јули ќе играат со Баерн и на крајот на турнејата, на 22-ри јули силите ќе ги одмерат со шампионот на Англија, Челзи.

На пат тргнаа 25 играчи: Петр Чех, Давид Оспина, Емилијано Мартинес, Кристијан Белик, Коен Брамал, Франсис Кокелен, Мохамед Елнени, Оливие Жиру, Алекс Ивоби, Лоран Косељни, Сеад Колашинац, Александар Лаказет, Ејсли Мејтланд-Најлс, Пер Мертесакер, Начо Монреал, Донел Мален, Рејс Нелсон, Еди Нкетија, Алекс Окслејд-Чемберлен, Месут Озил, Арон Ремзи, Тео Волкот, Дени Велбек, Гранит Џака и Џо Вилкот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2017 19:17