Како што пренесуваат српките медиуми според информации на управата на аеродромот, авионот во кој се наоѓале 149 патници и пет членови на екипажот бил принуден да слета пред крајната дестинација поради сомнежи за пожар во кокпилотот.

По слетувањето на авионот, надлежните служби од Белградскиот авион вклучувајќи ја и против пожарната единица, веднаш излегле на лице место и после деталната проверка утврдено било дека авионот не бил зафатен од пожар.

Иако авионот бил целосно исправен, сепак патниците биле евакуирани според меѓународните правила и процедури за постапување во такви ситуации.


Германски авион принудно слета во Белград. Причина пожар во авионот

Авионот на германската “German wings“ по деталната проверка продолжил кон крајната дестинација.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2016 02:14