Во Хрватска денеска на сила стапи закон за субвенционирање станбени кредити со кој е предвидено државата 4 години да плаќа половина од ратата за кредит на млади брачни парови за купување прв стан или куќа.

Доколку во тој период добијат дете рокот ќе се продолжи за две години.

Со законот се овозможува купување нови и стари станови или куќа чија вредност не надминува 1.500 евра по квадрат.

Државата кофинансира кредити што не надминуваат 100.000 евра.

Со банките е договорено ефективната каматна стапка на тие кредити да не надминува 3,75 отсто годишно



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2017 17:42