Косовската полиција влегла во Трезорот на банката „Поштенска штедилница“ и во нејзините пет други филијали во Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, објавија локалните медиуми.

Според пишувањата на медиумите, косовската полиција соопштила дека за оваа акција има одобрение од Обвинителството и дека „врши контрола на работењето“.

На самото место се и припадници на ЕУЛЕКС и КФОР.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за порталот KoSSev изјави дека на местото на настанот била присутна и даночната служба.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2024 05:12