Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера околу 9:35 часот во Полициската станица во Струга, од Медицински Центар Струга било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени Е.Б. од Холандија, М.Т и А.А двете од Израел, кои биле сместени во хотелот „Изгрев“.

Тие, како што е наведено во полицискиот билтен, се пожалиле на труење од храна што ја конзумирале во хотелот. По укажаната лекарска помош пуштени се на домашно лекување. Со случајот се запознати јавен обвинител и Државен санитарен инспекторат.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2017 21:25