Аргентинецот Лукас Билја официјално од Лацио отиде во Милан, а се шпекулира дека трансферот изнесува 17 милиони евра плус три милиони преку бонуси.

Билја има 31 година, четири години играше за Лацио, а претходно настапуваше за Андерлехт во Европа, како и за Индепендиенте и Аргентинос јуниорс во татковината.

Аргентинецот е веќе осмо засилување на Милан ова лето, по: Леонардо Бонучи (42 милиони евра), Андре Силва (38), Андреа Конти (25), Хакан Чалханолу (22), Рикардо Родригез (18), Матео Мусакио (18).

„Милан со задоволство соопштува дека го доведе Лукас Билја од Лацио. Фудбалерот потпиша тригодишен договор, до 30-ти јуни 2020 година. Аргентинецот е квалитетен играч, со смисла за тактика, визија на играта и добар е при прекините“, се наведува во соопштението на „росонерите“.

Милан почна преговори со Баерн за трансфер на Ренато Санчес, за кого „баварците“ бараат 35 милиони евра, а со Реал Мадрид е во врска за доведување на Алваро Мората, кој би можело да го чини 70 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2017 16:14