Големо внимание во Италија во последните неколку дена предизвика трансферот на Леонардо Бонучи од Јувентус во Милан. На изненадување на сите, Бонучи одлучи да ја прифати понудата на „росонерите“ и да го напушти шампионот по седум години и освои шест титули во Серија А.

Сепак, Јувентус денес му возврати на Милан, а нов член на тимот од Торино ќе стане „дете на Милан“ Матео Де Шиљо.

Овој 23-годишниот лев бек пристигна во Торино, каде што ќе ги направи лекарските прегледи пред да го потпише договор со Јувентус.

Де Шиљо целата досегашна кариера ја помина во Милан. За првиот тим дебитираше во 2011 година и одигра вкупно 133 натпревари. Трансфер во Јувентус се очекува да се комплетира во текот на денот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2017 16:29