На КОНКАКАФ Голд купот што се одржува во Соединетите Американски Држави ноќеска во Филаделфија се одиграа првите две средби од четвртфиналната фаза.
Пласман во полуфиналето изборија Костарика и домаќинот на купот САД.
Постигнати резултати:
Костарика – Панама 1:0 и САД – Салвадор 2:0.
Другите два четвртфинални дуела се играат вечер по полноќ. Двојките се:
Јамајка – Канада (почеток 01:30 часот) и Мексико – Хондурас (почеток 04:30 часот).