Фудбалерите на Шкендија го потврдија својот пласман во третото квалификациско коло за Лига Европа.
Шкендија попладнево на гостувањето во Хелсинки во реванш меч против тимот на ХЈК одигра нерешено 1:1, а со вкупен резултат од 4:2 тетовци се пласираа во следната рунда.
Во првиот дел домаќините поведоа со 1:0 благодарение на авто-голот на Марјан Радески во 28. минута. Сепак во вториот дел тетовци заиграа на посакуваното ниво, а како резултат на таквата игра дојде и голот во 71. минута на Иван Челиковиќ за израмнување на 1:1.
Шкендија останува единствениот македонски преставник во Лига Европа, откако претходно попладнево, Работнички беше елиминиран од Динамо Минск од кој во реваншот загуби со 3:0.