Турција им предаде на германските власти листа со повеќе од 680 компании од Германија кои Анкара смета дека поддржуваат тероризам, тврди неименуван германски безбедносен извор.
Светските агенции наведуваат дека овој број е 10 пати поголем од тоа што првобитно објавија медиумите во Германија.
Неделникот „Цајт“ во средата објави дека на листата се наоѓаат големи компании, како што се „Дајмлер“ и БАСФ.
Заменик-премиерот на Турција, Мехмет Шимшек, на „Твитер“ напиша дека наводите се „целосно невистинити“.