Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги извести екипите на Партизан и Олимпијакос дека нивните навивачи нема да смеат на присуствуваат на натпревраите што нивните екипи ќе ги играат на гостински терен.
УЕФА официјално не донесе одлука за стриктна забрана, но подели по само 20 ВИП билети за претставниците на клубовите, со што упати јасна порака дека нема да биде дозволено доаѓање на гостински навивачи, како во Атина, така и во Белград.
Од страна на УЕФА е побарано раководствата и на двата клуба да направат се што е во нивна моќ за да го спречат самостојното патување на навивачите.
Првиот натпревар од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони меѓу Олимпијакос и Партизан се игра во Белград на 25 јули, а реваншот во Атина е закажан за 2 август.