„Лекип“ пишува дека спортскиот директор на ПСЖ, Антеро Енрике, оред два дена бил во Лондон за да се состане со фудбалерот на Арсенал - Алексис Санчес.
Чилеанецот наводно се согласил да замине во клубот од главниот град на Франција, а сега останува двата клуб да ги започнат преговорите околу трансферот.
На почетокот на летото интерес за Санчес покажаа Манчестер сити и Баерн, но изгледа се откажаа од него.
Напаѓачот на Арсенал бараше нов договор со значајно поголеми примања, а откако клубот не сакаше да му ја исполни желбата, се реши да го смени.
Санчес има договор со „топчиите“ до 30 јуни 2018 година, така што сега е идеален момент за продажба за да може да профитира од неговото заминување.