Д.П. (56), државјанка на Србија, утринава загина во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот А-1, на делница Удово – Марвинци, наспроти селото Јосифово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Д.П била сопатничка во возилото и починала на местото на несреќата.

Сообраќајката се случила утринава во 9.20 часот, помеѓу автомобил „тојота авенис“ управуван од В.С. од Србија и „пежо 308“ управуван од С.П., исто така од Србија.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообраќајот се пренасочува по локален пат низ село Удово.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2017 13:12