Британскиот принц Џорџ денеска го слави четвртиот роденден, а Кенсингтонската палата по тој повод објави негова официјална фотографија.
Во соопштението од Кенсингтонската палата се наведува дека Вилијам и Кејт со радост го споделуваат новиот официјален портрет на принцот Џорџ по повод неговиот четврт роденден.
Сликата е на професионалниот фотограф Крис Џенксон.