Американската рок група Linkin Park очекувано ја откажа северноамериканската турнеја по смртта на вокалистот Честер Бенингтон. Ова станува јасно од соопштение на компанијата „Live Nation“, посветена на организацијата на настанот.

„Ние сме исклучително тажни поради смртта на Честер Бенингтон“, се вели во пораката. „Турнејата на Linkin со албумот „One More Light“ е откажана, а сумите за билетите ќе бидат вратени на фановите“, пишува уште таму.

На распоредот на бендот беа поставени и концерти надвор од Северна Америка, соопштуваат американските медиуми.

Ноќта на 20 јули беше објавено дека Честер Бенингтон се самоубил во САД. Со години тој страдаше од депресија, а освен тоа имаше и проблеми со дрогата и алкохолот. Пејачот и порано споделувал мисли за самоубиство. Бенингтон има 6 деца од два брака.

Linkin Park свират алтернативен метал од своето основање во 1996 година. Групата е номинирана шест пати за „Греми“, ја освојува музичката награда на американската издавачка индустрија двапати.

Огромен финансиски успех ги придружува музичарите. Тие имаат издадени седум студиски албуми, со вкупен тираж над 70 милиони копии.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2017 14:52