Фудбалската репрезентацијата на САД е првата која обезбеди пласман во финалето на Голд Купот.

Во првиот полуфинален меч на ова натпреварување што се одржува токму во САД, домашните фудбалери ја совладаа селекцијата на Костарика со 2:0.

Головите за Американците ги постигнаа Џози Алтидор во 72. минута и Клинт Демси десет минути подоцна (82).

Кој ќе биде противник на САД ќе биде познато утре по одигрувањето на вториот полуфинален натпревра во кој ќе се сретнат бранителот на трофејот од пред две години Мексико и селекцијата на Јамајка.

Мечот ќе се игра во Пасадена, во понеделник наутро од три часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2017 16:39