Англискиот вицепрвак Тотенхем ја оствари првата победа на турнирот „Интернационален Куп на Шампиони“, кој се одржува во САД.

Тотенхем со 4:2 го совладаа ПСЖ на мечот кој се одига во Орландо.

Главен виновник за поразот на тимот од Париз беше голманот Трап, кој имаше две катастрофални грешки, примајќи гол по негова вина и заработувајќи црвен картон, поради што неговите соиграчи цело второ полувреме играа со играч помалку.

Францускиот првак поведе со голот на Едисон Кавани во 6. минути, а само четири минути подоцна Кристијан Ериксен израми на 1:1. Вече во 18. минута Ерик Даер ми донесе предност на англискиот клуб, а до крајот напрвиот дел ПСЖ преку Пасторе изедначи на 2:2.

Во вториот дел долго се чекаше на гол, Тоби Алдервилд успеа да реализира за водство во 82.минута, а конечните 4:2 за Тотенхем во 88.минута ги постави Хари Кејн од пенал.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2017 16:44