Македонско-британската компанија InPlayer денеска ќе ја промовира новата инвестиција, со која ќе го прошири својот тим во Скопје и ќе се придонесе за подобро претставување на светскиот пазар.

InPlayer најавува дека ќе го зголеми бројот на своите вработени на 50 до крајот на 2017 година, додека до крајот на 2018 година се планира тој број да се зголеми двојно.

Тимот на компанијата во Македонија сега се состои од 35 професионалци кои работат по светски стандарди и најдобри услови за да ги опслужат најголемите медиуми и софтверски компании во светот.

На настанот, на кој ќе биде промовирана инвестицијата, ќе присуствува министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2017 12:34