Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42 134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11.5 %), Информации и комуникации (10.7 %) и Образование (10.6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7.5 %), Образование (5.0 %) и Градежништво (3.1 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63 392 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2024 15:57