Дваесет и едногодишен скопјанец синоќа физички бил нападнат на Градскиот базен „Снупи“. Непознато лице, како што соопшти полицијата, додека И.И. излегувал од соблекувалната на базенот го пресретнале и го удрило по главата со шише од што се здобил со видлива телесна повреда-расекотина над десното око.

Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес информира дека настанала општа гужва. Непознатите лица, како што рече, со шипки од чадори за сонце физички ги нападнале: Е.И.(19) години од Скопје и С.У.(34) години од Скопје, по што, во еден момент се дале во бегство кон долната капија на базенот.

-Од страна на овластени службени лица од СВР Велес повикани се шест лица од Велес на информативен разговор. По извршените службени активности сите се пуштени на слобода,информира Додевски.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2017 13:23