Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ поскапува за 0,50 денари по литар, а цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизел горивата остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 61,00 денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 и натаму ќе се продава за 62,50, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 47,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 35,50 денари за литар.

За 0,506 денари поевтинува мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 23,681 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2017 14:41