Данскиот првак, Копенхаген во Скопје допатува во најсилен состав за првиот натпревар против Вардар во рамки од третото предквалификациско коло за Лигата на шампионите.

Тренерот на Данците, Стале Солбакен го комплетираше тимот со враќањето на Микаел Антонсон, кој поради повредата на коленото не играше на дуелот против Рандерс.

Составот на Копенхаген кој допатува за натпреварот против црвено-црните:

Стефан Андерсен, Пиер Бенгтсон, Ерик Јохансон, Вилијам Квист, Бенџамин Вербиа, Урош Матија, Федерико Сантандер, Андрија Павловиќ, Николај Томсен, Микаел Антонсон, Јан Грегуш, Каспер Куск, Мадс Роерслев, Николај Боилесен, Јусеф Тоту, Робин Олсен, Михаел Луфтнер, Пиерос Сотириу, Дани Аманква и Ким Кристиансен.

Вардарци за првпат оваа сезона ќе настапат пред својата публика во Скопје, откако мечот од претходното коло против Малме го одигра на стадионот „Младост“ во Струмица.

Првиот дуел од ќе се игра утре на арената „Филип Втори“ со почеток од 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2017 15:02