Поради сонцето и морската вода косата се оштетува, бојата избледува, а врвовите се кршат. Затоа потребно е да избегнувате грубо триење на косата со пешкир, четкање и врзување на мокра коса бидејќи така најмногу се оштетува. Секако, не треба да заборавите да носите шешир.
Дополнитело ќе ви помогне ако користите хидратантен шампон и регенератор кој интензивно ја негува вашата коса, а не содржи сулфат, натриум и хлор.
Исто како што го мачкате вашето тело со заштитна крема додека сте на сонце, така користете и препарати за заштита на косата од УВ зраците. Токму овие препарати ја штитат светлата коса да се суши, а темната од појава на срвен пигмент.
Лакот за коса или регенераторот кој не се мие по неговото нанесување содржат УВ заштита. Секогаш нанесувајте ги на влажна коса.
По враќањето од летување одморете ја косата. Макар накратко заборавете на пеглањето коса или фенирањето, врзувањето во репче. Пуштете ја да се одмори, а најдобро е да ја скратите малку косата и да ја освежите со хранлива маска за сува и оштетена коса која можете и сами да ја направите.
За истата потребни ви се мед, маслиново масло или масло од јојоба. Загрејте малку мед додека не се растопи, па додадете една лажичка од маслиновото масло и маслото од јојоба, а потоа втријте го во косата. Оставете го 30 минути, а потоа исплакнете ја косата.