Дневно може да паднат и до 100 влакна
Некои од експертите кои се занимаваат со оваа проблематика сметаат дека дневно може да паднат и до 100 влакна. Ова не значи дека ќе останете без коса и не е причина за паника. Се смета дека околу 90% од 100.000–те фоликули создаваат влакна и се во т.н. активна фаза во одреден временски интервал. Останатите 10 % се во фаза на мирување, а косата опаѓа по 2 до 3 месеци. Паднатите влакна се заменуваат со нова коса, и со тоа циклусот на обновување на косата почнува од почеток.
Појавата на бели влакна е наследна
Најчесто обелувањето на косата доаѓа со минување на годините. Но, кај голем број од случаите обелувањето на косата настанува многу порано и е наследно. Обелувањето не значи дека имате нарушување во здравјето, како анемија, проблем со тироидната жлезда, недостиг на витамин Б12 и слично.