Францускиот шампион Монако имаше бурно трансфер-лето, седуммина играчи го напуштија клубот, а стигнаа четири засилувања.

Последен играч кој го напушти клубот од Кнежевството е Бенџамин Менди, кој направи трансфер во Манчестер сити за 57,5 милиони евра.

Вкупно, Монако од продажбата на играчите ова лето заработи неверојатни 173,5 милиони евра.

Пред Менди, Сити потпиша и со Бернардо Силва од Монако и го плати 50 милиони.

Темуе Бакајоко направи трансфер од Челзи за 45 милиони евра, а клубот заработи и од продажбата на: Валер Жерен во Марсеј (осум милиони), Абдулаје Дијало во Мајнц (пет милиони), Корентин Жан во Тулуз (4,5 милиони), како и Набил Дирар во Фенербахче (3,5 милиони). Монако доведе четири засилувања и воопшто не штедеше, но сепак е во голем плус.

Јури Тилеманс стигна од Андерлехт за 25 милиони евра, Теренс Конголо дојде од Феенорд за 13 милиони, Суалиго Мајте од Цулте-Варегем за осум милиони и Жорди Мбула од Барселона за три милиони.

Тоа значи дека Монако ова лето е во плус 124,5 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 17:26