Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандес Чичарито се врати во Премиер лигата, потпиша тригодишен договор со Вест хем.

„Чеканите“ за трансферот на поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид му платиле 16 милиони фунти на германскиот Баер од Леверкузен.

Ернандес има 29 години, потекнува од Гвадалахара, а за претходните четири клуба на 346 натпревари постигна 136 голови.

Тој е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Мексико со 48 погодоци на 96 натпревари за „Ел Три“.

Чичарито е трет голем трансфер на Вест хем ова лето, по заемот на Џо Харт, репрезентативниот голман на Англија, и најскапото засилување во историјата на клубот Марко Арнаутовиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2017 17:28