Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За вршител на должноста директор во оваа национална установа е назначен актерот Стрезо Стаматовски.
Според наодите на инспекциските служби, како што информира Министерството за култура, како дел од причините за разрешувањето на досегашниот директор Стојановски е тоа што тој не го усогласил работењето согласно со законските одредби и Статутот на установата.
- Спротивно на Законот за култура, директорот не донел програма за работа на установата за 2016 и за 2017 година. Директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ не ги почитувал одлуките на Управниот одбор, конкретно за користење на службени мобилни телефони, како во однос на бројот на службени телефони, така и од аспект на надминување на дозволениот месечен максимум на трошоци утврден со одлуката. Спротивно на Законот за култура, директорот не спровел постапка за реаудиција за вработените уметници-актери, соопшти Министерството за култура.
Спротивно на Законот за работните односи, како што се наведува, нема воведено електронски систем за евиденција на работното време за вработените во установата.
Министерството за култура потсетува дека именувањето на в.д. директори се прави со цел, како што се наведува, што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри.
Министерството најавува и дека наскоро ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.
- По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи, наведува Министерството за култура. мд/мч/16:31
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Други вести Македонија Заев: Договорот со Бугарија е јавен, а партнерството во корист на граѓаните среда, 26 јули 2017 17:12 Новата Влада, со ваша поддршка, застана цврсто на евро-атлантскиот пат - се определивме за активен реформски процес и за современи добрососедски односи базирани на европските вредности и денеска сакам да објавам, правиме уште еден, сериозен исчекор в... повеќе ... Тројца македонски тенисери ја минаа првата пречка на фјучрсот во Скопје Тројца македонски тенисери ја минаа првата пречка на фјучрсот во Скопје среда, 26 јули 2017 17:02 Тројца од шестте македонски тенисери кои играа во првото коло на фјучрсот во Скопје денеска постигнаа победи и се пласираа во следната рунда. Македонија ќе има сигурно и четвртфиналист бидејќи утре во 2.коло меѓусебе ќе играат Томислав Јотовски и Дим... повеќе ... Горан Стојановски разрешен, Стрезо Стаматовски в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ Горан Стојановски разрешен, Стрезо Стаматовски в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ среда, 26 јули 2017 16:37 Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски од функцијата директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид. За вршител на должноста директор во оваа национална установа е назначен актер... повеќе ... Притвор за Грујовски и Бошковски, за Јакимовски одземање на пасошот Притвор за Грујовски и Бошковски, за Јакимовски одземање на пасошот среда, 26 јули 2017 16:30 Врховниот суд на Република Македонија ги одби жалбите на бранителите на Горан Грујовски и Никола Бошковски и ги потврди решенијата на Апелацискиот суд Скопје за определување мерка притвор во траење од 30 дена. повеќе ... Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 среда, 26 јули 2017 15:47 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ја изработи Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2016 година. повеќе ... Заев: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси Заев: Договорот со Бугарија е во согласност со националните интереси среда, 26 јули 2017 15:44 Договорот за добрососедство со Бугарија е во согласност со националите интереси на Македонија. Ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски спроед Уставот на Република Бугарија, истакна македонскиот премие... повеќе ... ПРВА 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 ПОСЛЕДНА ФОТО СЕРВИС normal-view3 Прес конференција на премиерот Зоран Заев normal-view3 Министерката Шекеринска во официјална посета на Ал... normal-view3 Традиционална крводарителска акција на Црвен крст ... normal-view3 Македонско-турски бизнис форум повеќе МОЗАИК Иранска конзервативна ТВ водителка снимена како без хиџаб пие пиво (фото) Иранска конзервативна ТВ водителка снимена како без хиџаб пие пиво (фото) Водителката на иранската државна телевизија, Азаде... Ѕвездите на „Деспасито“ бесни на претседателот на Венецуела Ѕвездите на „Деспасито“ бесни на претседателот на Венецуела Авторите на светскиот хит „Деспасито“ го обвинија ... Австралиец сними појава на „црвени молњи“ (видео) Австралиец сними појава на „црвени молњи“ (видео) Австралискиот астроном Дејвид Финли (44) на небото... Судски спор околу авторски права на мајмун Судски спор околу авторски права на мајмун Американскиот фотограф Дејвид Слејтер пред шест го... Три лица „за влакно" избегнаа смрт во сообраќајка на Крф (видео) Три лица „за влакно" избегнаа смрт во сообраќајка на Крф (видео) Видео со трилер сцена од грчкиот Крф при што тројц... ТИКЕР 17:20 | Во Венецуела почна 48-часовен штрајк против изборите за Уставотворно собрание Противниците на претседателот Николас Мадуро денеска почнаа дводневен штрајк во обид да го присилат ... 16:51 | Во бура во Романија повредени 28 лица Најмалку 28 луѓе се повредени во бурата што го погоди источниот дел на Романија. 16:38 | Пожар во Македонски Брод, зафатена борова шума Борова шума е зафатена од пожарот кај Македонски Брод за чие гаснење во моментов се ангажирани два а... 16:37 | Горан Стојановски разрешен, Стрезо Стаматовски в.д. директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ Министерството за култура на Република Македонија донесе решение за разрешување на Горан Стојановски... 16:36 | Рохани: Иран ќе одговори на американските санкции Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска предупреди дека Техеран ќе одговори доколку се воведат са... Алкалоид Скопски саем Тиквеш Неоком Охридско лето Марили Стопанска комора ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Иванов ја повика Владата да го објави договорот со Бугарија Иванов ја повика Владата да го објави до... Претседателот на Република Македонија Ѓо... Договорена заедничка седница на владите на Македонија и Албанија Договорена заедничка седница на владите ... Албанија и Македонија немаат отворени пр... Могерини: Гледаме нов почеток во Македонија Могерини: Гледаме нов почеток во Македон... По пауза од две години, Република Македо... Поддршка од Меркел за реформите и евроатлантската интеграција Поддршка од Меркел за реформите и евроат... Премиерот Зоран Заев денеска во Трст има... Заев: Добрососедските односи и евроинтеграцијата се неопходност Заев: Добрососедските односи и евроинтег... Новата Влада на Република Македонија е с... Gjurgja Makavej Најгоре СЕКЦИИ МакедонијаРегионСветБизнисКултураСпортМагазинИнфо сервисиМозаикЖурналФото сервис АЛАТКИ АндроидiOSКомпјутерМобиленКурсна листаКорисни линковиМапа на страницата ЗА НАС За МИАИмпресумУслови за користењеИзјава за приватностCopyrightМаркетингПишете ни СЛЕДИ НЕ FacebookTwitterRSSFlickerYoutube Почетна Мисија Општествена одговорност Билтени Јавни набавки Информации од јавен карактер ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 OHSAS 18001:2007 МИА © 2012 • Македонска информативна агенција Сите права се заштитени. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија. Правен консултант и застапник: Адвокат Бојан Ѓуровски. Смени верзија: