Жител на росоманското село Трстеник на возраст од 54 години се здобил со тешки телесни повреди, откако бил прегазен од трактор при изведување земјоделски работи во текот на вчерашниот ден, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Во Полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, несреќата која се случила во атарот на селото Трстеник, била пријавена од вработено лице во кавадаречкиот Здравствен дом.
– По укажаната помош во Јавната здравствена установа Општа болница од Кавадарци, тешко повредениот е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, соопшти Додевски.