Владата на Република Бугарија на денешната редовна седница го одобрила текстот на договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија, соопшти прес-службата на бугарската влада.
– Потпишувањето на договорот за пријателство, добрососедство и за соработка со Република Македонија е израз на желбата на Бугарија да изгради модерни добрососедски односи засновани на европските вредности – изјавил бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Според Борисов, посетата на премиерот на Македонија, Зоран Заев, на Софија и изразениот став кон заедничката историја е прв чекор во напорите за изградба на нов дух во односите со соседите.
– Европската Унија го оцени договорот како прв чекор и како нов почеток за развој на европската перспектива на Република Македонија – рече Борисов, кој додаде дека со потпишувањето на договорот ќе биде отворена нова страница во односите меѓу двете земји и ќе се воспостават пријателски односи.