Македонската младинска ракометна репрезентација го загуби вечерашното четвртфинале на Светското првенство за ракометари до 21 година што се одржува во Алжир. Победа од 33:17 (14:9) остварија ракометарите на Франција, кои се актуелни шампиони во оваа возрасна категорија.
За избраниците на селекторот Илија Темелковски заморот од дуелот со Алжир одигран доцна синоќа остави последици, па затоа противникот во вториот дел стигна и до убедлива победа. Филип Талески кај Македонија со 4 голови беше најефикасен, додека кај Франција по пет голови постигнаа Мелвин Ричардсон и Етеин Москуе.
Македонија во сабота ќе игра натпревар за пласман од 5 до 8 место со поразениот од натпреварот Данска – Русија. Пласман во полуфиналето избори и Германија која со 27:21 го победи Тунис.
Другите два четвртфинални натпревара се играат вечерва: Шпанија – Унгарија и Данска – Русија. На Светското првенство утре е слободен ден.