Чешки параглајдерист вчера бил пронајден починат во местото Две чешми, во близина на Крушево.
Како што соопшти МВР, спасувачките екипи во 13.40 часот го пронашле мртвото тело на 51-годишниот Ј.В. (51) од Република Чешка.
Параглајдеристот вчера околу 13 часот полетал од Мечкин камен во Крушево и додека управувал, се закачил на дрво, по што паднал на земја и починал. Ј.В. бил член на чешка аматерска асоцијација за летање. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош.