Вардаровите јунаци денес ја имаат историската шанса да се пласираат во последното квалификациско коло од најелитното и најскапо платеното клупско натпреварување – Лигата на Шампионите.

Стадионот „Телиа Паркен“ е матичен стадион на Данскиот првак Копенхаген, а покрај нив на овој стадион натпреварите ги игра и Данската репрезентација. Стадионот е со капацитет од 38.000 места.

Во пресрет на денешниот натпревар, најверојатно тренерот Гоце Седлоски ќе настапи со истиот состав и со истата тактика од Скопје а во првиот тим ќе се најдат Балотели, Фелипе, Блажевски, Барсегјан, Спировски, Николов, Демири, Грнчаров, Новак, Хамбарџумјан а на голот ќе застане Филип Гачевски.

По победата во Скопје на црвено-црните од 1:0, на гостувањето во Данска ќе им биде потребна победа, нерешен резултат или пак пораз но со еден гол разлика и притоа во таков случај ќе треба да постигнат гол или повеќе голови во зависност од тоа колку голови ќе постигне Копенхаген.

По успехот против ЦСКА Москва, Вардар после 14 години добива шанса и е на чекор од надминување на овој успех бидејќи согласно правилата на УЕФА доколку Вардар го помине Копенхаген и се пласира во последната фаза од квалификациите за Лигата на Шампионите, дури и да загуби, тогаш се пласира директно во групната фаза од Лигата на Европа.

Несомнено, тоа би било празник за Македонскиот фудбал, за кој, љубителите на фудбалот и навивачите на Вардар живеат и сонуваат цел живот.

Натпреварот стартува во 20:00 часот а директен пренос ќе врши Телевизија Нова.

Во продолжение и изјавата на Бобан капитенот Бобан Грнчаров дадена на претпоследниот тренинг пред натпреварот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2017 19:42