Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство (МЗШВ) донесе нови пет Упатства со кои се регулираат сегменти од работењето на институцијата во насока на подобрување на контролата на трошењето на буџетските средства, а во интерес на поефикасна искористестеност на човечкиот и институционален капацитет на министерството.
Како што соопштија од МЗШВ, донесени се упатства за службени патувања на вработените во Министерството, за користење на службените телефони и на угостителски услуги на товар на буџетот на МЗШВ. Со новите упаства, велат од Министерството, ќе се има јасен увид во трошењето на финансиските средства на МЗШВ предвидени за прекувремена работа, ноќна работа, а ќе се води поголема сметка и за користењето на службените возила.