Српскиот репрезентативец ги има освоено титулите во Португалија и во Англија, а веќе работеше со Мурињо во „сините“ од Лондон.
Манчестер јунајтед објави дека го довел Немања Матиќ (28) од Челзи и со репрезентативецот на Србија потпишал тригодишен договор со опција за продолжување на уште една година.
Немања ги има освоено титулите во Португалија и во Англија, а веќе работеше со Мурињо во „сините“ од Лондон.
„Немања е играч на Манчестер и на Жозе Мурињо. Тој претставува сè што бараме од фудбалерот, лојалност, истрајност, амбиција и е тимски играч“, изјави Жозе Мурињо, менаџерот на „црвените ѓаволи“.
„Му благодарам за искажаната желба да ни се приклучи нам, бидејќи без тоа би било невозможно да го доведеме. Уверен сум дека соиграчите и навивачите ќе го сакаат. Големо добредојде за нашиот нов број 31“, додаде Мурињо.
Немања на претставувањето изјави:
„Пресреќен сум што им се придружив на „црвените ѓаволи“ и што ќе работам со Жозе повторно. Не можев да го одбијам. Уживав во времето поминато во Челзи, им благодарам на „сините“ и на навивачите за поддршката. Едвај чекам да се запознам со соиграчите и да почнам да тренирам. Возбудливо време за клубот, очекувам да имам важна улога во испишувањето нови страници на историјата на овој голем клуб“.