Иако претходно беше објавена информацијата дека Ливерпул нема да го продаде Кутињо за помалку од 150 милиони евра, а потоа и Клоп изјави дека најдобриот играч на тимот не е на продажба, Барселона понуди сто милиони евра, но беше одбиена од клубот од „Енфилд роуд“.
Оваа информација на „Твитер“ ја објави Мухамед Бухафси, новинар во радиото „Монте Карло“. Барселона прво понуди 80 милиони евра, која лесно беше одбиена, а потоа ја зголеми цената и покрај јасните изјави од Ливерпул дека не го пуштаат Бразилецот.
Бидејќи Нејмар веќе ги пакува куферите за Париз, останува да се види дали Барселона дефинитивно ќе се откаже од Кутињо или ќе испрати нова, засилена понуда. Можеби дури и тие 150 илјади евра што ги бара англискиот клуб.