Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека ќе бидат назначени шест до осум нови директори на неколку клиники и болници, а ќе има и други назначувања.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Министерството за труд и социјална политика посочи дека размислуваат за одредени директори кои ќе останат на директорските места.

- Уште не можам точно да кажам. Меѓутоа веќе размислуваме за одредени директори кои ќе останат. Можеби ќе бидат во периферијата, можеби во Клиничкиот центар. Се уште правиме консултации, додаде Таравари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2017 12:43