Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – почина Мартин Атанасовски, попознат како Буцо Битбокс. Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со групата „ДНК“.
Цел ден на социјалните мрежи кружеа фотографии од него и се бараа информации за неговата здравствена состојба. За жал, информациите кои ги добивме се оние најлошите – Мартин е меѓу починатите.
Неговите пријатели, колеги и обожаватели со неверување ја примија веста за неговата смрт, споделувајќи пораки со сочувство на социјалните мрежи.