Пратеникот и координатор на СДСМ, Томислав Тунтев, денеска во прес-центарот во Собранието на Република Македонија рече дека пратениците од парламентарното мнозинство се договориле да не одат на годишен одмор сè додека не заврши расправата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Тунтев најави дека Собранието ќе заседава и претстојниот викенд, за да се изгласа ребалансот и да се премине на точката за Зврлевски.

– Ние сме на ставот да не одиме на одмор сè додека Зврлевски не биде разрешен. Конзистентни сме и ветивме дека ќе расправаме и по предлог-законот на опозицијата за менување јавен обвинител. Се очекува ребалансот на буџетот да заврши до недела, по што се очекува претседателот Талат Џафери да ги распише локалните избори – рече Тунтев.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2017 17:13